СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш престојуваше во работна посета на Општина Битола, при која оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет. Повод за посетата беше престојната изложба која на 6 декември треба да биде отворена во Битола, под наслов „По стапките на Кирил и Методиј“, во организација на Амбасадата на Словачка.

За браќата Кирил и Методиј има доволно сознанија во Словачка во која тие ја ширеле својата мисија, но за нивните следбеници Св. Климент и Св. Наум, речиси воопшто и да не се знае. Оваа изложба претставува еден од начините да се запознае историјата.

Градоначалничката Петровска ги претстави карактеристиките на градот, преку образованието, економијата, културата, инфратруктурните зафати и новите постигнувања на оваа локална самоуправа.

Од своја страна пак, амбасадорот Маркуш изрази воодушевување од големиот број културни настани кои што се случуваат во Битола, со иницијатива и дел од Словачкиот современ филм да се најде во рамките на некое од следните фестивалски изданија на ИФФК „Браќа Манаки“.