Градоначалничката Наташа Петровска заедно со дел од советниците во Советот на Општина Битола, го посетија населеното место Лопатица, каде во моментов се санира основното училиште и остварија средба со локалното население.
Жителите на Лопатица искажаа огромна благодарност до Општина Битола и до Петровска, за покажаниот интерес за санација на училиштето и брзата реакција. Покрај менувањето на комплетната водоводно-одводна инсталација и санација на тоалетите, веќе се поставени нови цевки и хидрофори. Во натамошните подготвителни активности пред почетокот на новата учебна година, ќе се санираат и училниците, а ќе се изврши дезинфекција на просториите со бојадисување.
Во Лопатица од први септември, во чисти и обновени училници и комплетно реновирани тоалети, на настава ќе се вратат 14 ученици од прво до петто одделение.