АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ЛЕРИНСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ЛЕРИНСКА“

Завршува реконструкцијата на улицата „Леринска“ во Битола. По претходните интервенции на екипите на КЈП „Нискоградба“, кои работеа на санација на мешовитата канализација на оваа улица, се пристапи кон партерното уредување и поставувањето на тротоарите. Во текот на денешниот ден, се изведуваше асфалтирањето на улицата „Леринска“, во должина 150 метри, од страна на изведувачот БВ Инженеринг. Општина Битола за санацијата на улицата „Леринска“ издвои околу 2.500.000 денари.