Нова традиција на Општина Битола – лицата кои што заминуваат во пензија добиваат златни плакети, во знак на сеќавање на времето кое по поминале како вработени во оваа општинска установа. Денес, со мала свеченост во општината, плакети за пензионирањето им беа доделени на Ѓуро Илиќ, Златко Стерјев, Христина Стојановска и Коле Митревски.
Градоначалничката Наташа Петровска им ги додели плакетите. При тоа им го честита пензионирањето на вработените и посака долги години да ја користат пензијата и да имаат исполнети пензионерски денови.
„Овој начин на честитање на пензиите нека биде нов начин кој и во иднина ќе го правиме. Во време на други работни обврски некако ги забораваме овие моменти кои се пријатни за оние кои славет и за нас кои им честитаме. Поголем дел од животот поминуваме на работните места, па затоа нека овие златни плакети бидат потсетување на деновите кои ги поминале нашите вработени, тука заедно со нас“, рече Петровска.
Покрај плакетите, од страна на вработените во општината им беа доделени подароци на пензионираните лица.