Во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, како дел од Коалицијата за борба против гладот и фрлањето на храна“, МКЦ Битола го менаџираше денешното донирање на храна во установата. Акцијата е поддржана од градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
„Во оваа прилика, несебично, искрено, како логистичка поддршка, Општина Битола, учествува во оваа активност, затоа што во денешницава кога на луѓето, насушно им треба храната, жалосно би било и штета таа да се фрла, наместо да заврши на вистинско место. Навистина се радувам и ќе ги поддржувам во иднина сите субјекти, да иницираат вакви активности, да сите заедно, здружено го подобриме живеењето, условите и можностите на сите граѓани, особено на најмладите“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
Денес, беа донирани млеко за бебиња без лактоза и кашички за бебиња, а ваквите активности ќе продолжат во континуитет се со цел подобрување на состојбата кај семејствата во социјален ризик.
„МКЦ Битола како регионален координатор за Битола и околината се погрижи да ја обезбеди дистрибуцијата на дел од таа храна, на таа донација во Битола. Им се заблагодарувам на градоначалничката и на Општина Битола за нивната великодушност, заради тоа што излегоа во пресрет да го обезбедат транспортот на донацијата. Вредноста на донацијата е околу 250.000,00 денари“, изјави Маја Ангеловска од МКЦ Битола.