ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНАТА „РОМСКО ЈАТО“

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНАТА „РОМСКО ЈАТО“

Во Општина Битола беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и невладината организација „Ромско јато“.

Во рамките на проектот „Дом за Ром“,кој во наредните месеци ќе биде имплементиран од страна на здруженито „Ромско јато“, ќе биде обезбедена взаемна соработка, разбирање и преземање на координирани активности од двете страни, потписнички на меморандумот.

Потписници на Меморандумот се градоначалничката Наташа Петровска од страна на Општина Битола и Алмира Рустемова, претседател на „Ромско Јато“.