Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на Битфест 2019 година. Јавниот повик се однесува на кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата и тоа:
– музичко и музичко – сценска уметност
– театар
– ликовна уметност
– видео, фото, филмска уметност
– литература
– фолклор
– нови уметности
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 4 000 000 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да се случи на територија на Општина Битола. Деталите за јавниот повик и потребното барање, може да ги најдете на веб страницата на Општина Битола, на следниот линк:
Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во еден примерок е петок, 7-ми јуни 2019 год., до 16 часот.