ВЕЖБАТА „ОДЛУЧЕН УДАР“ – ВО ЈУНИ И ВО БИТОЛА

ВЕЖБАТА „ОДЛУЧЕН УДАР“ – ВО ЈУНИ И ВО БИТОЛА

Општина Битола беше домаќин на работната средба на која се разговараше за подготовките за вежбата „Одлучен удар“, која ќе се реализира во периодот од 05 јуни до 09 јули на ЦПО Криволак.

На работниот состанок со секретарот на Општина Битола, присуствуваа претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, раководството на вежбата, како и претставници на силите на САД во Европа.

Вежбата „Одлучен удар“, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, 2 ротации, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности и дружења во повеќе градови.

Во рамките на активностите кои се дел од вежбата, на 29 јуни во Битола, предвиден е тактичко технички збор на воени возила, вооружување и опрема кои што ги користат Армијата на САД и нашата армија.