НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО И ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ – ПРОМОВИРАНА ВО БИТОЛА

НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО И ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ – ПРОМОВИРАНА ВО БИТОЛА

Денес, во Општина Битола се одржа промотивен настан со дискусија за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија.

Овој документ треба да иницира активности и да ги зајакне процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници во насока на создавање на општество кое е фер и правично и ги прави граѓаните поеднакви.

После презентацијата на Нацрт текстот на стратегијата, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, Пратеникот во Собранието на РСМ Рубин Земон, Д-р Сашо Додовски, Директор на Младински културен центар – Битола и Тања Чачорова Илиевска, координатор на кластер правна рамка и посебен советник за правда во КПВРСМ, имаа работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на која се разговараше за имплементација на активностите кои ќе водат кон остварување на целта да се создаде општество во кое секој ќе се чувствува како припадник на „едно општество“. Преку оваа стратегија ќе се спроведат препораките на меѓународните тела на Обединетите нации, Советот на Европа, Европската комисија, како и организацијата за безбедност и соработка во Европа.