Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа, сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан.
Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари – Карамани.
За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите.