ФОРМИРАНИ УЧИЛИШНИ СООБРАЌАЈНИ ЕДИНИЦИ ВО БИТОЛА

ФОРМИРАНИ УЧИЛИШНИ СООБРАЌАЈНИ ЕДИНИЦИ ВО БИТОЛА

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Битола во соработка со СВР Битола и битолските училишта, во изминатиот период организираше обука за формирање на  4 училишни сообраќајни единици.

Новоформираните училишни сообраќајни единици формирани и обучени по препораките на Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, имаат за цел да се унапреди сообраќајната едукација на децата, што останува примарна цел во фунционирањето на Локалниот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка на СВР Битола и Општина Битола.

Претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во патиштата, проф.д-р Јасмина Талевска истакна дека сообраќајното образование и воспитувањето на децата, останува примарна цел во фунционирањето на Локалниот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со формирањето на училишните сообраќајни единици во основните училишта во Битола уште еднаш ја потенцираат и највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции, а тоа е безбедноста на децата.