СЕ БУДИ ГРАЃАНСКАТА СВЕСТ

СЕ БУДИ ГРАЃАНСКАТА СВЕСТ

Група граѓани, ентузијасти, го искористија убавото пролетно време и самоиницијативно се организираа да ја исчистат средината која што ги опкружува. Секој со она што има како сопствен алат, односно лопата, гребло, метли, ракавици, здружено, го чистеа дворот и просториите на месната заедница „Тодор Ангелевски“. 


Иницијативата за оваа акција потекна од новите раководства на урбаните заедници „Тодор Ангелевски“ и „Естреја Овадија Мара“, а во акцијата се придружија и голем број жители од населбата Баир, каде се лоцирани просториите на урбаната заедница. 
Жителите велат дека овие простории се доста користени и дека оваа акција има за цел да обезбеди чиста средина за сите лица кои што тука делуваат, но и поминуваат. Се надеваат дека откако се презеде оваа акција од страна на локалното население, жителите повеќе ќе внимаваат при загадувањето на околината и на самиот објект. Воедно, учесниците во акцијата апелираат и останатите урбани заедници да го следат нивниот пример, а граѓаните поодговорно да се однесуваат кон животната средина.