Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови:
- Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
- Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
- Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
- Да внимаваат на покривите – во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
- Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
- Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
- До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.