ОПШТИНА БИТОЛА ПРЕКУ ДОПИС ЌЕ ПОБАРА ДА СЕ САНИРА МЕРНАТА СТАНИЦА

ОПШТИНА БИТОЛА ПРЕКУ ДОПИС ЌЕ ПОБАРА ДА СЕ САНИРА МЕРНАТА СТАНИЦА

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска на новинарско прашање ја коментираше актуелната состојба со неработењето на мерната станица 2 во центарот на Битола, при што информираше за преземените чекори по ова прашање.

„Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежност на Министерството за животна средина. Она што локалната самоуправа го направи, е издаденото барање до инспекторот за животна средина во Општина Битола,  да испрати допис до Министерството за животна средина, како би се иницирало практично акцелерирање на мерната станица“, посочи Петровска.

Во однос на ова прашање, на седницата на Советот на Општина Битола одржана на 24.10.2018 година, беше донесена одлука со која се задолжува градоначалникот на Општина Битола согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на Општината Битола, да преземе мерки за санација и враќање во функција на мерната станица Битола 2.

Претходно, Петровска се сретна и со претставници на организации од невладиниот сектор, кои работат на областа на животната средина. Дел од нив предложија конкретни мерки, кои понатаму треба да се земат во предвид при изготвувањето на годишната програма за работа на општината на полето на унапредување на заштитата на животната средина.