Во организација на КК „Пелистер 1982“, а со поддршка од Општина Битола, беше организирано градско првенство во куглање во кадетска и сениорска конкуренција.
На финалето, имаше голем број гости, личности од политичкиот, бизнис, спортскиот и културниот живот на градот.
Градоначалничката Наташа Петровска, како голем пријател на куглањето уште еднаш потсети дека куглањето е урбан спорт кој му треба на Битола и дека ќе се направи се што е неопходно Битола да ја добие долгоочекуваната стандардизира куглана.