ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „КАМЕРА 300“

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „КАМЕРА 300“

Во малата сала на Центарот за култура во Битола, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, свечено го отвори 26 Интернационален фестивал на аматерски документарен филм. На настанот беа доделени и наградите на најуспешните.

Жири комисија на 26 Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ кој го  организира Кино видео клуб “Студио Милтон Манаки“, највисоката награда гран-при „Плакета Милтон Манаки“ му ја додели на прилепчанецот Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен филм „Клучарот Цако“.

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби битолчанецот, Диме Талевски за аматерскиот документарен филм “Москополе денес“.

Специјална плакета му беше доделена на младиот битолчанец Христијан Кочовски за филмот „Чифте чамче“ за зачувување на македонското наследство прикажано преку орото „Чифте чамче“.

Наградата „Златната камера 300“ му беше доделена на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот „Зоб“, а „Сребрената камера 300“ за Ема Лазарова за филмот „Никогаш повеќе“, посветен на депортацијата на битолските Евреи. „Бронзена камера 300“ е за фимот „Без смисла“ на Ролф Мандолези од Италија.

Златниот медал на УНИКА е за филмот “Мојот живот“ на авторот Игор Стојчевски.