МЛАДИТЕ СЕ ЕДУЦИРААТ ДА ПРЕВЕНИРААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

МЛАДИТЕ СЕ ЕДУЦИРААТ ДА ПРЕВЕНИРААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во рамките на соработката со невладиониот сектор, Комисијата за еднакви можности при Општина Битола и Здружението за еднакви можности „Семпер“ од Битола, го реализираат проектот наменет за едукација и превенција од семејно насилство под наслов „Препознај семејно насилство и делувај“.
Проектот е наменет за ученици од средните училишта од Битола и пошироката јавност со цел тие да бидат повеќе информирани за проблемот со семејното насилство и рано препознавање на истото, како и навремено делување за соодветна помош и поддршка на жртвите од семејно насилство од надлежните институции.
Во рамките на проектот предвидени се повеќе активности, а веќе се одржа работилница со учениците од СОУ „Кузман Шапкарев“, Битола.