ПРОМОВИРАН СОВЕТОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО НА ОПШТИНА БИТОЛА

ПРОМОВИРАН СОВЕТОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО НА ОПШТИНА БИТОЛА

Младински културен центар – Битола и Општина Битола го промовираа Советот за волонтерство на Општина Битола, формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а спроведуван од Младински културен центар – Битола. Градоначалничката Наташа Петровска го поздрави формирањето на ваквиот совет и залагањето за што поширока опфатност на волонтеризмот во денешното живеење.
На настанот беше промовиран Советот за волонтерство, а свои обраќања имаа Марија Мерковска – координатор на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“, Виолета Налевска – советник за економски развој во Општина Битола и Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство. Во рамките на овој настан се одржа локалната дискусија на тема „Влијанието на волонтирањето врз заедницата“, чиј фасилитатор беше д-р Сашо Додовски.