СТУДЕНТИ ОД ХОЛАНДИЈА НА СРЕДБА СО ПЕТРОВСКА

СТУДЕНТИ ОД ХОЛАНДИЈА НА СРЕДБА СО ПЕТРОВСКА

Група студенти од Холандија, предводени од универзитетскиот професор Митра Васковска, која е по потекло од Битола, по неколку месечни заеднички договори и соработка, денес го реализираа завршниот дел од истражувањето на квалитетот на водите во регионот и остварија средба со  градоначалничката Наташа Петровска. На денешната средба, студентите од Холандија и се заблагодарија на градоначалничката Петровска за поддршката која што таа им ја даде при реализација на нивниот проект.  Групи од Холандија, предводени  од професорката Митра Васковска, досега веќе неколку  пати во Битола го истражувале квалитетот на водите кај нас. Комплетниот извештај за направените стручни испитувања по изготвувањето од страна на студентите, ќе и биде предаден на локалната самоуправа.