ЕКСПЕРТСКА ПОДДРШКА ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА БЛОК ДОТАЦИИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

ЕКСПЕРТСКА ПОДДРШКА ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА БЛОК ДОТАЦИИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Заменикот министер Дејан Павлески, заедно со тимот од домашни и странски експерти, денеска во општина Битола остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата се разговараше за потребата од ревидирање на методологијата за пресметување на блок дотациите, со кои што се финансиират училиштата, детските градинки, установите од областа на културата и противпожарната заштита во општините. Притоа, за експертите беше особено важно да се слушне искуството на градоначалниците и на општинската администрација во управувањето со јавните финансии во смисла кои елементи од системот на локално финансирање се најмалку стабилни и предвидливи и дали сегашниот систем на блок дотации и начинот на нивно пресметување ги задоволува потребите или пак пројавува недоволност.