СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА РЕКАТА „ДРАГОР“ ВО БИТОЛА

СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА РЕКАТА „ДРАГОР“ ВО БИТОЛА

Екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола од денес започнаа со чистење на коритото на реката Драгор. Чистењето започна од централното градско подрачје, односно на потегот од кружниот тек кај Црн Мост, до Општина Битола. На терен се отстранува бујната вегетација, затекнатото ѓубре и наносите од земја и камења од поројните дождови. Во чистењето се користи и механизација – багери, камиони и трактори, а акцијата ќе се одвива во текот на наредните денови.

„Паралелно со оваа активност, екипите на ЈП „Нискоградба“ работат и на изведба на фекалниот колектор за селото Лавци, кој во изминатиот период е реализиран во должина од околу една третина од предвидената. Во меѓувреме завршен е делот на колекторскот систем за Бегова Чешма во НП „Пелистер“ со почеток од локацијата предвидена за мини пречистителна станица, во должина од 360 метри, според договорите со Општина Битола. На колекторскиот систем ќе се работи според предвидената динамика“, рече директорот на ЈП „Нискоградба“, Методи Силјановски.