БИТ ФЕСТ: „ЖЕНИ“ – ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

БИТ ФЕСТ: „ЖЕНИ“ – ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

Синоќа на сцената во Интимниот театар во Битола, во рамките на Битфест, се одржа перформансот „Жени“, во кој пет храбри жени зборуваа за нивната борба со ракот на дојка. Во настанот учествуваа жени кои што го преживеале и надминале овој проблем, како и жени кои што во моментов се борат со оваа опака болест. Вистинска храброст и доблест е да се сподели личното искуство, траумите и болките кои што се преживуваат во текот на справувањето со ракот како од личен аспект, така и од аспект на преживувањето на своите најблиски. Токму тоа и се случи во Битола, благодарејќи им на храбрите жени, кои ги пренесоа своите искуства во јавноста.