На последната фестивалска вечер од 19-тото издание на интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“, во преполната сала на Центарот за култура, беа доделени наградите за најдобрите изведувачи. Според стручното жири, првата награда отиде во рацете на Сара Дел Олио од Италија, на која покрај пехарот и беше доделена парична награда од 1000 евра.
Организаторот на фестивалот на учесниците им додели медали со гравиран мотив од Битола, а на изведувачите, менторите, стручното жири, и останатите учесници им беа додели плакети. За поддршка на фестивалот од страна на Општина Битола, посебна плакета доби и градоначалничката Наташа Петровска.