Општина Битола ја потврдува транспаретноста во работењето и за првпат во постоењето на фестивалот БИТ ФЕСТ, пред неговото официјално завршување, јавно ги објавува предвидените суми за поддршка на учесниците во фестивалот.
Селекцијата на годинешните учесници на фестивалот БИТФЕСТ ја вршеше селекторски тим со компетентни членови од одредени области. Пред почетокот на фестивалот, градоначалничката м-р Наташа Петровска истакна дека годинава вкупната сума за фестивалот ќе биде неколку кратно пониска од изминатите години.
„Вкупно од одбрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа: 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 000 000 денари од буџетот на Република Македонија. Вкупната сума е неколкукратно пониска од минатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што природата на трошоците има карактер на класифицирање по приоритет. Една локална самоуправа, мора да мисли на сите аспекти на животот во општината, од култура до инфраструктура“, посочи Петровска.
Годинава општината, со познати суми ја продолжи поддршката на традиционалните настани и на изведувачите, од кои ги издвојуваме Виолета Томовска и фестивалот Илинденски денови, Исмаил Лумановски, групата С.А.Р.С.која настапи во рамките на фестивалот Битола отворен град, Шекспир Фестивал, Широк Сокак во бело итн.
КАТЕГОРИЈА | ПРЕДЛАГАЧ | ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА |
ФОЛКЛОР | ||
Илинденски денови |
Центар за култура Битола |
300 000 ден |
Во срцето на Битола |
Уметници ракотворци, Битола |
(техничка поддршка) |
КЛАСИКА | ||
Светски оркестар на Џејмс Џез | Музичка младина на Македонија, Скопје | 31 000 ден |
Оперски арии | Ана Синицки | 50 000 ден |
Пијано во 4 раце | Татијана Божиновска и Билјана Димовска |
20 000 ден |
Младински женски хор | КУД Стив Наумов, Битола |
30 000 ден |
Кларинети и пијано | Марјан Бакревски, Игор Бакревски и Верица Дивитарова |
21 000 ден
|
Пијано концерт на Маурицио Анунцијата (Италија)
|
Италијанска Амбасада во РМ | (соработка со амбасади) |
Концерт на Месинг квинтет
|
Австриска Амбасада во РМ | (соработка со амбасади) |
Концерт на пијано, виолина и виолончело
|
Француска Амбасада во РМ | (соработка со амбасади) |
Ладино-сефардски звуци
|
Израелска Амбасада во РМ | (соработка со амбасади) |
Руски романси | Руска Амбасада во РМ | (соработка со амбасади) |
ФИЛМ | ||
Проекција на 10 филмови | КВК Студио Милтон Манаки | 40 000 ден |
Документарен филм за Влашката заедница | Томислав Спировски |
10 000 ден |
ДЕТСКА ПРОГРАМА | ||
Детски фестивал
„СИ – ДО“ |
ЗГ Промедија, Битола |
30 000 ден |
Музички фестивал„ТРА-ЛА-ЛА“ | Асоцијација за уметност Алексовски, Битола |
200 000 ден |
„Добро утро, добар ден…“ | Маја Андоновска Илијевски |
90 000 ден |
ИЗЛОЖБИ | ||
Работилница за фотографска техника | Фото Кино Клуб Битола |
10 000 ден |
Фотографии од партизани од Битола и битолско | Сојуз на борци, Битола |
60 000 ден |
Сликање на мурал | Хибрид мајндс кру |
33 000 ден |
Фотографија „Три точки“ | Фото клуб Стеван Наумов Стив, Битола |
15 000 ден |
Фотографија „Фолклорни мотиви“ | Петар Ставрев |
60 000 ден |
Копаничарство „Атеље Пердика“ | Гоце Крстевски |
10 000 ден |
Слики , графики, скулптури „Мал формат“ |
ДЛУБ |
10 000 ден |
Самостојна изложба на Александар Поповски | ДЛУБ |
10 000 ден |
ЛИТЕРАТУРА | ||
Промоција на збирка поезија | Јорго Јанопулос, Солун, Грција | Соработка со Република Грција |
Промоција и печатење на книга „Етнолошко-антрополошки истражувања на состојбите предизвикани од првата светска војна, во битолско долж кота 105“ |
Сојуз на борци, Битола |
80 000 ден |
„1000 зошто, 1000 затоа“ | НУУБ Св. Климент Охридски |
30 000 ден |
„Битола чита“ | НУУБ Св. Климент Охридски |
30 000 ден |
„Слемирај креирај“ | НУУБ Св. Климент Охридски |
40 000 ден |
„Нашето националистичко пијанство“ | Сојуз на борци, Битола |
80 000 ден |
Промоција на книгата „Вермархтот и Македонија“ | Сојуз на борци, Битола |
80 000 ден |
Промоција на книгата „Лобирање во културата“ | МНД Битола |
84 000 ден |
„Ако одам во Битола“ | Гордана Петрова Такец |
10 000 ден |
Фестивал за литература и др уметности „300 работи. Триста“ | Игор Трајковски Фоја | 30 000 ден |
ТЕАТАР | ||
„Битолска аудиција“ | Театар „Солза и смеа“ | |
„Жени“ | Интимен театар Битола |
30 000 ден |
„Ликот и делото на Ѓерг Кастриоти Скендербег“ | 22 Нентори |
10 000 ден |
„Осмели се да бидеш свој“ | ЗКУ Детски театар, Битола |
30 000 ден |
Шекспир фестивал | НУ Народен театар Битола | 1 500 000 ден |
МУЗИКА | ||
Концерт на Исмаил Лумановски |
Радио Б97 Битола |
372 000 ден |
Солстис | Француска Алијанса Битола |
60 000 ден |
Меѓународен ден на младите | Младински иницијативи за дијалог и соработка |
143 000 ден |
Ромска музика | Сумнал, Битола |
75 000 ден |
Балканска рок симфонија | Камерен оркестар Битола |
150 000 ден |
Широк сокак во бело | ЗГ Широк сокак во бело | 300 000 ден |
Фестивал на староградска музика и вино | Димитар Елковски |
30 000 ден |
„Локум Фест“ | ЗГ „Локум Фест“ |
100 000 ден |
Смотра | Асоцијација 615 |
12 000 ден |
Незаборав | Панде Димитровски |
80 000 ден |
100 % македонско | Креативен Центар за млади, Битола |
15 000 ден |
BUS FEST 18 | ЗГ Стиховно војување Продукција |
20 000 ден |
РАЗНО | ||
„Битола отворен град“ | МКЦ Битола |
400 000 ден |
Годишен концерт | ТСК Степ, Битола |
20 000 ден |
Денови на ромска култура | Баирска светлина |
30 000 ден |