БИТ ФЕСТ: ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА „СЕЛЕНЦЕ“ И ОРКЕСТАРОТ „ФОКОШ“ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

БИТ ФЕСТ: ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА „СЕЛЕНЦЕ“ И ОРКЕСТАРОТ „ФОКОШ“ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Многу игра, песна и забава го разиграа Плоштадот Магнолија, во рамките на вчерашниот настап на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина.

Фолклорната група „Селенце“ се вбројува во елитното друштво на фолклорните групи во Војводина. Редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина, каде редовно се вбројуваат во гала претстави.

Оркестарот Фокош потекнува од Бечеј, Војводина. Формиран е во 2009 година, како оркестар Чикош, а во 2010 година го добива сегашното име. Исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина.

Настанот се реализираше на предлог на Амбасадата на Унгарија и унгарскиот конзул во Битола, а истиот се вбројува во настаните кои годинава за првпат се реализираат како резултат на соработката со Амбасадите и конзуларните претставништва, која Општина Битола ја започна ова лето, во рамките на фестивалот „Бит Фест“.