Во големата сала на Центарот за култура со одржувањето на интернационалната вечер свечено беше затворено овогодишното 48. по ред издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови“. Во рамките на интернационалната фолклорна разгледница настапија гостите од Полска, Грција, Северен Кипар, Јапонија и Шпанија.
На гостите за учеството на фестивалот им се заблагодари директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, а Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска ги поздрави присутните учесници и гости и го најави големиот концерт на Виолета Томовска и групата “Фонтана“.
Завршниот концерт создаде посебна атмосфера, а беше награден и со силни аплаузи од публиката.