ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕТРОВСКА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕТРОВСКА

На последниот ден од 48-мото издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови, во посета на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска беа претставници од интернационалните фолклорни групи кои се годинешни учесници, предводени од директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илиевски и стручното лице задолжено за фестивалот, Валентин Соклевски.

Во кабинетот на Петровска владееше вистинска шареноликост од носии на претставниците од играорните групи од Јапонија, Северен Кипар, Шпанија, САД, Полска и Македонија. Гостите ја изразија воодушевеноста од градот, особено од гостопримството на домаќините и на битолската публика која го следи фестивалот во голем број. Градоначалничката Петровска ги запозна со главните карактеристики на градот, а потоа заеднички разменија подароци.
По средбата со играорците, Петровска се сретна и со македонската музичка дива Виолета Томовска.

Томовска, како битолчанка, изрази задоволство што во живо, на голем концерт ќе има повторна средба со битолчани. Градоначалничката Петровска ги поздрави заложбите на Томовска за промоција на македонската музика, негувањето на фолклорот и традицијата и афирмацијата на Битола.