Во рамките на Битолското културно лето, мецосопранот со битолско потекло, Ана Синицки, која живее во Србија, во пијано придружба на Мери Бојиќ Радојиќ, создаде прекрасна атмосфера во концертната сала на Завод и музеј, одржувајќи извонреден концерт, исполнет со бројни оперски арии, филмски нумери, наполитански и шпански песни. Многубројната публика која со задоволство го следеше концертот, не го криеше своето воодушевување од прекрасниот настап и моќен глас на Ана Синицки. Својата импресионираност ја изрази и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која честитајќи и на Синицки за извонредниот концерт, за нејзината моќност, грациозност, громогласност, величественост, истовремено и се заблагодари за оваа посебна вечер на Бит Фест.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/operska-1-783x562.jpg)