ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА НП ПЕЛИСТЕР

ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА НП ПЕЛИСТЕР

Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска, во Инфо центарот на Пелистер, го најавиа почетокот на проектот за подобрување на управувањето со Националниот парк Пелистер. Toј е дел од проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ финансиран од Европската унија, преку ИПА II програмата – Секторска оперативна програма за еколошка и климатска акција 2014-2020, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот за НП Пелистер кој е во вредност од 300 000 американски долари, се однесува на зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг и претставува еден од 8 те грантови за големи заштитени подрачја. Проектот ќе помогне во подобрување на противпожарните капацитети на Националниот парк Пелистер, развивање програма за следење на живеалиштата и видовите, препознавање на социјалните и економските придобивки што произлегуваат од заштитата и одржливото управување со природните ресурси во заштитените подрачја, а истовремено ќе ги зголеми капацитетите на локалните самоуправи и граѓански организации за управување и промовирање на заштитените подрачја на професионален и одржлив начин.