Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денес извршија увид на градежните работи за изградба на железничката пруга Битола – Кременица. Станува збор, за проект од големо значење за Пелагонискиот регион, бидејќи после триесет и две години, со изградбата на пругата во должина од 16 километри, повторно ќе се овозможи железничко поврзување со Грција. „Извршивме увид на градежните активности кои се одвиваат тука на железничката пруга Битола – Кременица. Станува збор за исклучително важен капитален објект, не само за Општина Битола, туку комплетно и за Пелагонискиот регион, вклучително и за Република Македонија. Јас се надевам дека, изградбата, согласно роковите, како што сум информиран и претходно од изведувачите, ќе бидат испочитувани. Станува збор за проект од 17.2 милиони евра од кои 6 милиони евра се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот на Република Македонија. Согласно роковите, очекувам до крајот на ноември месец, овој проект да биде комплетно завршен со цел да направиме поврзување на Пелагонискиот регион до Солунското пристаниште, да го зајакнеме економскиот капацитет на овој регион, вклучително и на ИЗ Жабени, преку овозможување на полесен транспорт на стоки и услуги на сите компании кои ќе бидат во самата зона“, изјави Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Подобрувањето на сообраќајната инфраструктура, е еден од клучните фактори за обезбедување услови за економско јакнење на регионот: „Сообраќајна инфраструктура од вакви размери е исклучително значајна за секоја општина. Токму затоа, ценам дека ваквите зафати, всушност се оние кои претставуваат и тоа како добар придонес за она што значи сериозен развој на нашата општина, во следниот период. На Битола ова и недостигаше, на Битола ова и требаше. Убедена сум дека роковите ќе бидат запазени, убедена сум дека Битола во следниот период ќе го добие она што го заслужува: сообраќајна мрежа од секаков аспект за развој на индустриските капацитети, за развој на индустријата воопшто во Битола, но и можност на граѓаните, со тоа да си обезбедат подобра егзистенција“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор