ОТВОРЕНОСТ , ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО НЕВЛАДИНИОТ  СЕКТОР

ОТВОРЕНОСТ , ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

Општина Битола, континуирано спроведува активности кои влијаат на зголемување на нивото на транспарентноста, која според бројни анализи и испитувања ја опишуваат како водечка на државно ниво. Во таа насока, денес Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамките на Проектот: Национален центар за граѓански организации, финансиран од Европската унија, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација, организираа консултации за граѓанските организации во Битола. Пред одржувањето на консултативната средба, градоначалничката м-р Наташа Петровска имаше средба со претставници од МЦМС, од Министерството за информатичко општество и администрација, како и со претставникот од Канцеларијата за информативни услуги на владата, Национален архив САД. Ваквата насока на делување е определба за понатамошното функционирање, што пред се опфаќа отвореност и транспарентност кон граѓаните, но и кон сите субјекти кои делуваат во насока на подобрување на општественото живеење. Отворено Владино партнерство, прогрес во спроведувањето на националниот акциски план 2016 – 2018 и препораки за дизајнирање на следниот акциски план за периодот 2018-2020, беа темите на кои се одржа денешната консултативна средба во Салата на Советот на Општина Битола.