Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија, г. Андреј Куку денес беше во посета на општина Битола каде се сретна со градоначалничката г-ѓа Наташа Петровска, каде беше договорена донација на прочистувачи за воздух за основните училишта во градот. „Иако зимските денови штотуку не одминаа и сите чувствуваме растеретеност од високо загаденитот воздух, кој секоја година ги мачи граѓаните и претставува вистински проблем, решивме овој пат да делуваме однапред и да се подготвиме за следната зимска сезона. Па така ја продолжуваме акцијата за донација на прочистувачи која започна во Скопје и се префрлуваме во Битола каде во повеќе училишта ќе донираме прочистувачи за воздух. Оваа наша иницијатива би сакале и понатаму да продложи и на неа да се надоврзат и другите компании кои се во можност да помогнат. Децата се нашето богатство и важно е да се потрудиме средината во која го поминуваат поголемиот дел од денот да има задоволителни услови за работа и дружење“, изјави Андреј Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија. „Битола е еден од градовите кој се соочува со висока концентрација на штетни честички, посебно во времето на зимската сезона и ова е еден од начините како да се соочуваме со решавање на проблемите. Би сакала да искажам голема благодарност до ЛУКОИЛ кои покажаа добра волја и не поддржаа да помогнеме онаму каде е најважно. Преку повеќе акции и иницијативи поголемиот дел од градинките ги обезбедивме со прочистувачи, па така сега на ред се и основните училишта. Се надеваме позитивниот пример на ЛУКОИЛ ќе ги мотивира и останатите да се приклучат кон ваквите заложби“, рече градоначалничката Петровска. Лукоил Македонија е општествено одговорна компанија која своите заложби за чиста и здрава средина ги реализира не само преку донации туку и со понуда на нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива кои се пријатели на животната средина. Како резултат на оваа заложбатие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерација ги задоволуваат највисоките европски стандарди.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор