АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ

Општина Битола и јавните претпријатија од општината, се вклучија во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина во општините во Република Македонија, иницирана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Во координација со општината, активностите се спроведуваа со механизација и работници од ЈП Водовод Битола, ЈП Нискоградба Битола и ЈП Комуналец. Во активностите за почиста животна средина кои започнаа со расчистување на големата депониија на раскрсницата на ул. Караораман со ул. Дебарска, учествуваа и заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, советници од Советот на општината и директорите на јавните претпријатија.