ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ НА ПАТОТ ЗА СЕЛО БУКОВО

ЧИСТЕЊЕ НА ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ НА ПАТОТ ЗА СЕЛО БУКОВО

На локалниот пат Битола – Буково, во тек е чистењето на каналската мрежа за атмосферско одводнување, кое се врши во вкупна должина од 2400 метри, односно по 1200 метри од секоја страна на патот. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денеска на терен изврши увид во динамиката и начинот на кој се реализираат активностите за чистење на одводните канали на локалниот пат. Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често, а се манифестираа како: поплавување на парцелите покрај патот, поткопување на банкините и оштетување на коловозот на локалниот пат за село Буково. Вкупната вредност на инвестицијата на Општина Битола за оваа цел изнесува 162 408,00 денари.