Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, денес беше промовирана РОМАКТЕД програмата на Советот на Европа во која партнер е општина Битола, а се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. На настанот присуствуваа претставници на Советот на општина Битола, припадници на ромската заедница, претставници на медиумите и други заинтересирани страни. Програмата беше претставена од страна на Ферди Исмаили претставник од Ромската демократска развојна асоцијација „Сонце“ од Тетово која претставува национална организација за логистика на спроведување на програмата РОМАКТЕД (основна структура и принципи на работа). На тема „Партнерство за поголема социјална и економска интеграција“ Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски зборуваше за важноста на програмата, заедничкото делување и партнерството на локалната самоуправа и припадниците на ромската заедница во унапредување на социјалниот и економски статус на Ромите и нивно вклучување во општествените текови и развој на градот Битола во целина. „Општина Битола е една од 12 те општини во Република Македонија, која се вклучува во овој проект. Градоначалничката веќе потпиша Меморандум за соработка во овој проект, кој ќе се реализира во наредните четири години. Она што сакаме да го постигнеме е ромите да бидат активни чинители во решавањето на нивните проблеми. Од досегашните разговори кои ги имавме важно е да се сфати дека она што се прави за ромската заедница, ќе биде нивно и заедничко на сите. Тогаш нема да ги имаме и оние инфраструктурни проблеми кои ги имавме, а ние ќе се вклучиме во решавањето на сите проблеми кои можеме да ги решиме и кои се под наша надлежност, изјави Валентин Груевски, Претседател на Советот на општина Битола. Партнерски организации во реализацијата на РОМАКТЕД програмата се и Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ и Здружението на граѓани „Баирска светлина“.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор