ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Со новогодишна програма со ди – џеј, настап на пејачот Борче Наумовски, групата Боеми и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, Илина Чоревска, Викторија, Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски, на плоштадот Магнолија, битолчани ја дочекаа Новата 2018 година. Заедно со своите сограѓани славеше и градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која го предводеше големото оро на плоштадот, а нејзината порака за најубави и среќни денови во Новата 2018 година, во нејзино име ја пренесоа уметниците – водители на програмата.