Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, по повод претстојните празници го посети Здружението на родители на деца болни од церебрална парализа. Градоначалничката им посака на сите родители и нивните семејства многу здравје, сила, издржливост, но и понатамошна заедничка работа насочена кон подобрување на состојбата во општеството на лицата болни од церебрална парализа.
Членовите на здружението покажаа голема благодарност, што првпат после 17 години, првиот човек на градот ги посети лично и покажа иницијатива за помош и поддршка во нивната борба низ животните проблеми со кои се соочуваат.
На средбата беше договорен работен состанок на градоначалничката и здружението кој ќе се одржи во идниот период, а ќе има за цел актуелизирање на проблемите со кои се соочува здружението и изнаоѓање механизми за нивно надминување.