ИНФО СЕСИЈА ЗА ИНОВАЦИСКИ НАТПРЕВАР „O2 ПРЕДИЗВИК“
Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, а во соработка со Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, денес беше организираа инфо сесија за „Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија“ – „О2 ПРЕДИЗВИК“ (www.fitr.mk/o2predizvik).
„O2 ПРЕДИЗВИК“ е иновациски натпревар за креирање на технолошко – иновативно решение за проблемот со загадувањето на воздухот во урбаните средини. Преку „O2 ПРЕДИЗВИК“ малите и средни претпријатија во соработка со други партнери, кои можат да бидат од невладиниот или приватниот сектор имаат можност, да се вклучат со свои идеи во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот во урбаните средини.
Натпреварувачите треба да понудат решенија во повеќе области: користење на енергија за греење – решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци кои се резултат на греењето во домаќинствата или индустриските погони, транспорт и мобилност: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци предизвикани од сообраќајот или градежништво и урбани алртернативи: решенија со кои се намалувазагадувањето предизвикано од градежната експанзија.
Вкупниот предвиден буџет за награда за овој повик изнесува 6 000 000 денари. Пријавувањето се врши преку веб страната www.fitr.mk/o2predizvik, а пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат на е – маил адресата O2predizvik@fitr.mk, најдоцна до 30.11.2017 година, до 23:59.