ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО МИНИСТЕРОТ ИБРАИМОСКИ

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО МИНИСТЕРОТ ИБРАИМОСКИ

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работен состанок со министерот без ресор Самка Ибраимоски и неговите соработници. На состанокот со Министерот Ибраимоски, кој е задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, се разговараше за планираните активности кои ќе бидат преземени во насока на решавање на сериозните проблеми со кои се соочува ромското население во Битола, а со тоа и подобрување на условите за живот на ова население.