ТРАДИЦИОНАЛНА 4 НОЕМВРИСКА ИЗЛОЖБА НА ДЛУБ

ТРАДИЦИОНАЛНА 4 НОЕМВРИСКА ИЗЛОЖБА НА ДЛУБ

Во Културниот центар „Магаза“, беше отворена традиционалната 4 ноемвриска ликовна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола. Изложбата ја отвори градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која им ги додели наградите од ДЛУБ на ликовните уметници Александар Поповски и Елена Ѓорѓиевска.