ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ

По повод 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна на денот на антифашистичкото востание, 11 октомври, Градоначалникот на Општина Битола положи свежо цвеќе пред споменикот кај „Црн Мост“, местото каде што се наоѓал некогашниот бугарски затвор. „На ова место пред 76 години се означи почетокот на борбата, а по една година  беше бугарскиот затвор. Овде имаше околу 250 млади луѓе, партизани, патриоти, луѓе кои беа со една идеја за слободна и независна Македонија“, изјави градоначалникот Талески.