ПРАЗНИКОТ НА НЕЗАВИСНОСТА  8 –ми СЕПТЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН  ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ПРАЗНИКОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 –ми СЕПТЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА БИТОЛА

По повод денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември, Градоначалникот д-р Владимир Талески  и Советот на Општина Битола со полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во градскиот парк, свечено го одбележаа денот на државноста. Во предвечеријето на 8 -ми Септември 1991 година со убедливо мнозинство со 95 проценти од граѓаните што излегоа на референдум позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Од тој момент на прогласување на независност, Република Македонија 26 години овој ден го празнува како ден на државноста и во целата земја се одбележува со високи државни почести.„Го честитам 8 – ми Септември денот на независноста на Македонија од Битола од пред Споменикот на Бранителите, споменик кој не потсетува на жртвите кои беа жртви од конфликтот во 2001 година, а тоа нормално ја буди асоцијацијата на сите жртви од сите  народно ослободителни борби, од Илинден 1903 и сите претходни за жал неуспешни востанија, но влогот на сите паднати жртви не потсетува на  една голема придобивка, а тоа е, слободна независна  и суверена Република Македонија“- истакна Градоначалникот д-р Владимир Талески. Денот на независнота освен во Општина Битола се прослави во целата држава.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC