Од визуелните уметности, сликарството и фотографијата важат за „сродни души“, а истото непишано правило можи да се примени и на авторите кои како форма на изразување одбрале било која од овие две уметности. Често пати во минатото, многу познати сликари користеле фотографии при создавањето на своите дела, меѓу нив Ван Гог, Сезан, Пикасо и многу други. Најчесто ваковиот пристап го користеле при портретирањето на одредени личности, како и при цртањето на автопортрети, и токму тука можеби се крие предизвикот за оваа соработка помеѓу ДЛУБ и ФКК Битола. Портретот како избор во слободна техника, од обете страни, можи само да ја потврди тезата дека во основа, и двете уметности (ако се одземи субјективизмот на авторите во нивните дела) се само игра со светлината. Секако, постои опасност за обете страни да западнат во замка, односно во теоретизирање на процесот при создавање на „наводно“ добри портрети во двете уметности. За постарата сестра сликарството, најкраток пат за тоа е апстрактниот пристап кон темата, а за фотографијата тоа е тривијалноста на портретот кој само ги исполнува математичките соодноси во истата, без било каков емотивен набој. Сепак, во оваа изложба, авторите посочуваат (условно речено) на најпознатите портрети во двете уметности, а тоа е „Мона Лиза“ од Леонардо Да Винчи и „Авганистанска девојка“ од Стив МекКари, кои искрено речено изложени се во еден ист простор, една до друга, подеднакво ги измамуваат воздишките на посетителите. „Во овој контекст да гледаме и на оваа изложба во надеж дека изложените слики, како и изложените фотографии, ќе се вплотат во една заедничка целина која на темата „Портрети“ ќе го даде најдоброто од двете уметности во нашиот град“, велат од Фото кино клубот од Битола, кои во соработка со Друштвото на ликовни уметници од Битола, вчера ја отворија оваа изложба во КЦ Магаза.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор