БИТ ФЕСТ: ЗАВРШИ СЕДМОТО ИЗДАНИЕ НА „БИТОЛИНО“

БИТ ФЕСТ: ЗАВРШИ СЕДМОТО ИЗДАНИЕ НА „БИТОЛИНО“

На третиот ден од Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, најмладите се забавуваа со театарската работилница „Пантомима за деца“, како и театарската претстава на театарското студио Нада Рума, Србија. Со театарската претстава „Снежана и седумте џуџиња“ во изведба на театарската школа при Бабец театар Битола, се спушти завесата на седмото издание на Битолино. Одлична претстава и 480 насмеани лица. Исполнета сала на народниот театар и прекрасна атмосфера.