БИТ ФЕСТ: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛИНО“

БИТ ФЕСТ: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛИНО“

Со премиера на детската театарска претстава „Јованче и Марика“, во продукција на „Бабец театар“, започна седмото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Претставата е работена според приказната на Браќа Грим, во режија на Васко Мавровски, дизајн Благој Мицевски, сцена Цветан Јовановски, светло Игор Мицевски. Играа: Валентина Грамосли, Никола Пројчевски и Петар Спировски. После изведбата на театарската претстава, беше отворена самостојната изложба на Ивана Кочов, насловена „Сакам да сонувам“, што претставува и мото на овогодинешното издание на интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. „Првиот ден на Битолино е зад нас…мисијата успешна…многу емоции и задоволни деца, многумина останаа надвор, се извинуваме од срце иако немаме никаква вина бидејќи капацитетот на салата е ограничен…продолжуваме…денес од 19.00 и 20.30 часот…Повелете…Да сонуваме заедно…Првата претстава е со капацитет од 120 седишта, втората со 450. Влезот е слободен. Ве очекуваме“, рече Васко Мавровски директор на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој и оваа година е дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2017.