БИТ ФЕСТ: „БИТОЛСКИТЕ ПОРТИ“

БИТ ФЕСТ: „БИТОЛСКИТЕ ПОРТИ“

На новата сцена на Народен театар Битола беше прикажан проектот „Битолските порти“. Станува збор за мултимедијален колаж за битолските порти и врати во кој учествува првенката на Народниот театар – Битола, Соња Михајлова. Визуелна приказна за битолските порти и врати како нераскинлив дел од старата битолска архитектура. Проектот вклучува фотографии специјално направени за оваа намена. Со неколку проектори на повеќе скринови во форма и пропорција на порти беа се проектирани врати пропратени со музика и неколку вистински и измислени приказни за градот Битола.