БИТ ФЕСТ: ЗАВРШУВА ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „НИЖЕ ПОЛЕ 2000“

БИТ ФЕСТ: ЗАВРШУВА ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „НИЖЕ ПОЛЕ 2000“

Завршува 18 тото  издание  на  ликовната  колонија  „Ниже поле 2000“ која  7 дена  се  одржуваше во  хотел Молика на Пелистер. 16 учесници  од  повеќе  земји оваа  година  твореа  инспирирани од  убавините на Битола. Организаторите велат дека оваа  година предност  имаа  новите  и млади  автори кои за  прв пат се  дел  од оваа  ликовна  колонија. Организаторите на ликовната  колонија Ниже поле 2000 задоволни се од досегашната  атмосфера  и соработка  со  уметниците, а  и годинава  очекуваат  творците да остават  голем број на уметнички слики. Делата  од  ликовната колонија „Ниже поле 2000“ ќе  бидат претставени пред  публиката  со изложба која  традиционално се  одржува на 15   септември. 18 тото  издание на ликовната  колонија Ниже поле 2000 и оваа  година  е  дел  од  Битолското  културно лето „Битфест 2017“.