БИТ ФЕСТ: МЛАДИНСКИ РОК ХЕПЕНИНГ

БИТ ФЕСТ: МЛАДИНСКИ РОК ХЕПЕНИНГ

На 30 јуни кај Саат кулата во Битола во 22.00 часот настапија прогресив/кор метал бендот “Spectrum” и “Gargoyles” -бендот кој свири мешавина на sludge и blackened
thrash метал, во рамките на Младинскиот Рок Хепенинг кој го организираше Регионалниот центар за интеграции од Битола. Spectrum e прогресив/кор метал бенд од Скопје со иновативни влијанија и од други поджанрови. Формиран е во октомври 2015-та со идеја да се создаде нешто креативно за музичката сцена. Експериментираaт со од една страна поагресивен звук, а од друга со помек, помелодичен и атмосферичен стил. Со многу напорна работа и многу проби и концерти, бендот заедно веќе склопи голем број на песни кои наскоро ќе бидат студиски снимени во прв албум. Gargoyles е скопски бенд формиран во 2013 кој свири мешавина на sludge и blackened thrash метал. При крајот на 2016 го издадоа нивниот прв албум.