РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ДИМИТАР РОБЕВ И УЛИЦА МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ – ДОНЧО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ДИМИТАР РОБЕВ И УЛИЦА МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ – ДОНЧО

Во тек е реконструкцијата на патот кој ги поврзува улиците Димитар Робев и улица Михајло Апостолски, на излезот од Светонеделските гробишта на Новачки пат. Реконструкцијата која ја вклучува целиот проект ќе се изврши во должина од 500 метри. Вредноста на  првиот дел од проектот кој е во должина од 150 метри, и вклучува поставување на водоводна, канализациона мрежа и асфалтирање, изнесува  13 335 937 денари.

Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, на денешната прес конференција информираше и за другите локации на кои градежните активности се во полн ек, а и за оние кои се веќе завршени во изминатиот период.

„ Завршена е улицата „ Питу Гули “, која исто така беше на барање на жителите од тој дел на градот, вредноста е скоро 6 милиони денари – водовод, канализација, коловоз, потоа во Довлеџик околу 200 метри кои беа недовршени, со вредност од над 1.2 милиони денари. Улицата „ Марко Цепенков“ со интервенција околу 150 метри, улица „ Рашанец “ завршени 300 метри со вредност од скоро 8 милиони денари. Моментално се работи на повеќе улици. Работиме на улица „ Апостол Здравевски “ по барање на жителите од населбата Буковски ливади, се работи на „Булевар 1ви Мај“, потоа имаме шест или седум улици во Долно Оризари кој што во овој период ги работиме и ќе ги завршиме од месец до два. Исто така се работи и на улицита „ Даме Груев“ во Мал Париз, каде се појавија некои проблеми односно приватно земјиште каде што е потребна експропријација, но она што беше ветено ќе се заврши во оваа градежна сезона. Тука е и улицата „ Кузман Јосифовски “ каде вредноста на проектот е над 15.5 милиони денари “, изјави градоначалникот Талески, кој исто така информираше и дека е завршен и еден дел од спортската сала во ОУ „ Елпида Караманди “ каде се реконструираше паркетот, интервенција ќе има и во спортската сала на ОУ „ Коле Канински “ , а има и потпишано одобрение за надградба на детската градинка „ Пролет “.