СРЕДБА СО НАЈСРЕЌНИОТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

СРЕДБА СО НАЈСРЕЌНИОТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Многу здравје, радост љубов, среќа и успех му посака градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески, на 16 годишниот средношколец Виктор Манговски кој вчера, на Водици, беше најсреќниот битолчанец кој го извади Светиот крст од осветената вода во дворот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Градоначалникот Талески, традиционално, Виктор го награди со парична награда од 10 000 денари. „Виктор е со нас. Му честитавме и вчера, но традиционално и годинава, оној кој што ќе успее во своите раце да го има светиот крст на Водици, општина Битола посебно го уважува. Овојпат, тоа е Виктор. Тој е многу млад, но со премногу искреност, радост и многу амбиција. Искрено посакал, Светиот крст, да биде во неговите раце и успеал. Мислам дека се работи за едно многу убаво претчувство. И овој снег кој годинава го имаме во Битола, не потсетува и ни укажува дека треба да очекуваме…Дека надежта повторно се раѓа, дека искрените и чесни луѓе со чиста волја и искрена душа и желба ќе успеваат“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, за време на денешната средба во општината. Младиот Виктор изрази искрено верување дека, неговото претсчувство му донесе радост, а таа пак, ќе му донесе Божји благослов, здравје и благосостојба за него и неговото семејство.

SONY DSC

4_resize 6_resize